Македонија

Туск и Столтенберг го поздравија договорот меѓу Скопје и Атина

Туск и Столтенберг го поздравија договорот меѓу Скопје и Атина

Договорот е пример за другите како да ги зајакнат мирот и стабилноста, се вели во заедничката изјава на челниците на ЕУ и НАТО, Доналд Туск односно Јенс Столтенберг со која го поздравија вчерашниот договор меѓу макеоднскиот и грчкиот премиер Зоран Заев односо Алексис Ципрас за решавање на спорот со името.

„Го поздравуваме договорот постигнат вчера меѓу премиерите Ципрас и Заев за решавање на спорот околу името.Се надеваме дека оваа единствена можност за рестартирање на пошироката европска и евроатланска интеграција на Западниот Балкан нема да биде пропуштена. Овој договор претставува пример за другите како да го зајакнат мирот и стабилноста ширум регионот”, се вели во заедничката изјава на Туск и Столтенберг.