Туск му се заблагодари на Трамп за разбивање на европските илузии

282

Со трговскиот спор околу царините за челикот и алуминиумот и со повлекувањето на САД од договорот за иранската нукеларна програма, американскиот претседател Доналд Трамп „ја ослободи Европа од сите илузии“, изјави во средата  во Софија претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

„Гледајќи ги последните одлуки на американскиот претседател Трамп, некој би можел да помисли дека со таков пријател, не ви требаат непријатели. Искрено кажано, Европа би требало да му биде благодарна на претседателот Трамп затоа што поради него се ослободивме од сите илузии“, истакна Туск.

Според него, Трамп им помогнал на Европејците да сфатат дека „ако ви треба рака што помага, ќе ја најдете на крајот на вашата рака“.

Туск нагласи дека ЕУ мора да биде обединета за да се соочи со новиот феномен – „каприциозната самоувереност на американската Администрација“.

Skin Delight

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.