Туск: На Европа и треба стабилна Македонија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, попладнево на својот официјален профил на социјалната мрежа „Твитер“, ословувајќи ја нашата земја со навредливиот акроним „FYROM („БЈРМ“), порача дека „на Европа и треба стабилна БЈРМ водена од владеењето на правото“, јави дописникот на МИА од Брисел.          
– На Европа и треба стабилна БЈРМ водена од владеењето на правото. Евроатлантската иднина на земјата е во опасност, „твитна“ Туск коментирајќи го последниот развој на настаните во Република Македонија.
Претходно, Европската унија преку портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчиќ, за МИА го изрази својот став за предвремените парламентарни избори во Република Македонија, што денеска и официјално се закажани за 5 јуни, порачувајќи дека е потребно исполнување на три услови за да се обезбедат, како што проачуваат „веродостојни избори“.