Туск: Никој нема намера да и помогне на Европа

Процените на Турција се дека уште околу три милиони бегалци би можеле да стигнат во Европа од сирискиот град Алепо и околината, а никој нема намера да и помогне на Европа. Ова го изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Турција ја предупреди Европската унија на големиот број потенцијални бегалци од Сирија, додека земјите од ЕУ веќе се борат со најголемата бегалска криза во последните неколку децении.

Денес милиони потенцијални бегалци и мигранти сонуваат за Европа. А светот околу нас нема намера да и помогне на Европа и некои од соседите на ЕУ гледаат со задоволство на нашите неволји, рече Туск во опбраќањето пред европарламентарците, пренесува Танјуг повикувајќи се на АП.

Во Турција во моментов има околу два милиони бегалци од Сирија, додека десетици илјади други го покренаа бегалскиот бран и стасаа во Европа преку Грција и ги преплавија прифатните центри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.