Свет

Туск за септември го закажа Самитот за иднината на ЕУ

Туск за септември го закажа Самитот за иднината на ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска изјави дека во септември во Братислава ќе се одржи состанок на лидерите од Европската Унија за иднината на ЕУ по референдумот во Британија, на кој мнозинството граѓани се изјаснија за излез од Унијата, пренесува МИА.

Туск потсети дека ЕУ нема да може да почне преговори за излез на Британија од Унијата се додека Владата во Лондон и формално не ја изрази својата намера за напуштање на блокот, пренесоа американските медиуми.

Тоа е единствениот законски пат по кој овој процесот мора да се одвива, наведе Туск.