Tутунарите задоволни од исплатата на субевнциите

Пред почетокот на новата реколата, исплатата на субвенциите доаѓа во вистинско време, сметаат прилепските тутунари кои денеска ги подигаа парите од банките, а кои беа трансферирани на нивните сметки на име субвенции за тутунот од ланската реколта, објави ТВ „Сител“.
Како што е познато, според актуелниот Закон за тутун, тутунарите добиваат по едно евро за секој килограм откупен тутун.
Министерството за земјоделство ќе исплати една милијарда и 450 илјади денари за тутунопроизводителите. Половината од овие средства ќе бидат исплатени на тутунарите од прилепско-пелагонискиот регион. Во Прилеп беа откупени 5 милиони килограми тутун.