Тузланските демонстранти ја заземаа зградата на Владата

Во Тузла ситуацијата со демонстрациите ескалира, откако демонстрантите упаднаа во зградата на локалната влада и ја заземаа.Тие со камења и експлозивни направи ја погодиле зградата на Владата, а со метални шипки ги кршеле стаклата. Локалните медиуми јавуваат дека ова е најголема офанзива во изминативе три дена.

Граѓаните извикувале „долу бандо“,„крадци“, а полицајците се распоредени пред зградата на Владата на Кантонот Сараево и околните улции, јавуваат федералните медиуми.

Протестите на граѓаните кои започнаа пред два дена во Тузла за денеска се најавени во повеќе до 20 градови, во знак на поддршка на обесправените работници од Тузланскиот кантон, но и како израз на општо незадоволство од моменталната ситуација во земјата.

Според досегашните информации собирите започнале во Сараево, Бихаќ, Горажд, Бугојну.