понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 63

ТВ Канал 5 прослави 18 години постоење (ФОТО)

Канал 5, која започна како скопска локална телевизија за кусо време се здоби со национална концесија и веќе 18 години зрачи во сите македонски домови, како една од најгледаните телевизии.

1vod

Последни вести

Препознатливите лица на Канал 5 телевизија Татјана Стојановска, Билјана Дебарлиева, Борислав Тноковски, Милена Антовска, Јелена Спенџарска, Роберт Јанков и сите други кои секој ден не поздравуваат од малите екрани преку Канал 5 телевизија и не честат со најинтересните новости од земјата и светот, како и тимот од зад камерите без кои ништо не би можело да дојде до реализација вчеравечер славеа сите заедно со една прекрасна причина.

Телевизијата од чие семејство се дел и тие стана полнолетна. Канал 5, која започна како скопска локална телевизија за кусо време се здоби со национална концесија и веќе 18 години зрачи во сите македонски домови, како една од најгледаните телевизии.

Тимот на телевизијата заедно со своите пријатели и соработници славеше во луксузниот амбиент на ТЦЦ Гранд Плаза, а специјално за да ги забавува допатува и српскиот романтичар Жељко Самарџиќ.

2vod

3vod

4vod

5vod

6vod

7vod

8vod

9vod

10vod

11vod

12vod

13vod

Вистина.мк

Најчитани вести