ТВ НОВА: Поднесени 12 кривични пријави против членови на тимот на Јанева

Поднесени се вкупно 12 кривични пријави против членови на специјалното јавно обвинителство во текот на викендот, објави ТВ НОВА, повикувајќи се на информации од Основното јавно обвинителство. Кривичните пријави се поднесени од страна на граѓани, а сите се за „малтретирање во вршење на службата“.

Сите пријави, како што јавува телевизијата, биле поднесени од физички лица, а се поднесени против лица од тимот на Специјалното јавно обвинителство.

Инаку, во изминатите денови повеќе медиуми објавија за граѓани врз кои била вршена тортура од страна на членовите на тимот на Катица Јанева.

„Денешен“: Од СЈО била вршена тортура врз повеќе лица

„До гуша си заглавен во кал и ако не соработуваш ти следи затвор“- вака најчесто им се обраќале соработниците на Катица Јанева за кои граѓаните пријавуваат дека ги сослушувале лица кои биле вооружени и намерно оставале да им се гледа оружјето за време на разговорот. Со ова сакале да предизвикаат кај нив чувство на страв.

Обвинителите од тимот на Катица Јанева продолжуваат да вршат тортура врз граѓани, објави Денешен. Порталот пишуваше дека граѓаните кои се повикувани од СЈО се повеќе се охрабруваат да пријавуваат дека се жртви на вербално малтретирање.

Поднесени се и нови кривични пријави за малтретирање во вршење на служба по член 143 од Кривичниот законик против лица од тимот на Јанева.

Станува збор за лица главно од Свети Николе кои биле повикувани на разговори и кои се жалат дека од соработниците на Јанева биле уценувани, понижувани и заплашувани. Ги терале под присила да дадат и потпишат изјави кои се невистинити и зад кои не стојат, објави порталот.

Голем број…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.