ТВ НОВА поставува нови стандарди во телевизиското новинарство – вклучување во живо со дрон

ТВ НОВА поставува нови стандарди во телевизиското новинарство. По примерот на најмодерните светски телевизиски мрежи, македонската телевизија НОВА нуди нов пристап и можност за пософистицирано и пореално известување за настаните во живо.

Гледачите на ТВ НОВА ќе имаат можност на програмата на телевизијата при вклучувањето од настаните во живо да видат како изгледа местото на настанот снимено со дрон. Она што досега не беше вообичаено за македонското новинарство конечно станува реалност.

При вклучувањето од Гевгелија гледачите денес можеа да видат како изгледа местото снимено од височина со најмодерна опрема.

Телевизијата е опремена со најнапредна и најсовремена технологија, што воедно и се потврдува со она што НОВА им го нуди на гледачите во обидот што е можно на пософистициран начин публиката да ужива во програмата која ја нуди.

Покрај снимките со дрон, телевизијата досега понуди и модерна графичка презентација и 3Д графика, а тоа според најавите се само дел од многуте современи новитети кои новата телевизија им ги претставува на мaкедонските гледачи, по теркот на  најмодерните светски телевизиски мрежи.