ТВ Телма е против сиромаштијата, а сопственикот има плата од над 11.000 евра

ТВ Телма објавувајќи нарачани социјални стории се произнесува како силен борец против сиромаштијата, додека од друга страна шефот на Макпетрол, кој е сопственик на телевизијата, зема месечна плата од 11.666 евра, односно, 383 евра дневно.

Вчера излезе податокот за највисоката плата во 2014. година. Тоа е платата на шефот на Макпетрол, Андреја Јосифовси. Неговата годишна плата во 2014. година изнесувала фрапантни 140.000 евра. Тоа би значеле 11.666 евра секој месец во годината, односно 383 евра дневно.

Ако се направи груба проценка на месечната плата на Јосифовски со примањата на лица вработени во некои други професии, се доаѓа до заклучок дека шефот на Макпетрол отприлика зема месечна плата која е еднаква на околу 22 лекарски или околу 33 просечни професорски плати на месечно ниво.

Но, сепак ТВ Телма не пропушта да покаже дека се бори против сиромаштијата и тоа преку објавување на нарачани социјални стории.

Од друга страна не може да се види прилог за потпретседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, која како што и е познато на јавноста месечно добива над 5.000 евра кирија за стан која самата на себе си го издава.

Имено познат е и податокот дека името на ТВ Телма е комбинација од „ТЕЛевизија“ и „МАКпетрол“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.