Македонија

ТВИНГОМАНИЈА – ги збогати празниците на едно скопско семејство

ТВИНГОМАНИЈА – ги збогати празниците на едно скопско семејство
ТВИНГОМАНИЈА – ги збогати празниците на едно скопско семејство

Денес пред трговскиот центар Рамстор мол во Скопје, Државна лотарија на Македонија ги додели клучевите на уште еден преубав автомобил Рено ТВИНГО, од инстант лозот ТВИНГОМАНИЈА.

Добитниот лоз предпразнично ја израдува Оливера Груевска од Скопје, која е редовен играч на инстант лотарија и НовоЛото 7/34. На денешното доделување, среќната добитничка, со шармантна весела насмевка сподели со нас дека купила четири лоза Твингоманија, веднаш ги изгребала и забележала дека последниот ги носи трите добитни симболи. Нејзината радост брзо се пренела пред се во најблиското семејство, а веднаш потоа и меѓу пријателите. За празниците кои со семејството ги минале во Берово, на празничните честитки се надополнувале и честитките за добивката.

Оливера која рече дека пред се игра од забава и за задоволство, не очекувала дека ќе добие токму една од премиите.  Потврди дека верува во добрата мисла и добрите намери, а среќата ја бара во семејството и заедничките мигови. Очигледно е дека среќата ги избира луѓето со позитивна енергија, како што е нашата најнова добитничка.
Среќните Велигденски празници за семејството Груевски се збогатени и со добивка автомобил Рено ТВИНГО, на која денес при доделувањето, очигледно најмногу и се радуваше малиот внук на нашата добитничка. Нека им е со среќа!

1

Уште многу премии крие нашата ТВИНГОМАНИЈА, која со право е најбогатата инстант лотарија на Државна лотарија на Македонија. Премиите на овој лоз се автомобили Рено ТВИНГО. Веќе има нов модел на овој автомобил. Прв од овој вид беше доделен денес. По задоволството на нашата добитничка се уверивме дека новиот модел ќе ги израдува сите наредни добитници. Очекуваме оваа пролет да ја збогатиме со уште членови на семејството добитници од инстант лозот ТВИНГОМАНИЈА, преку кој за само 40 денари може да се стане сопственик на автомобил од најновата серија на Рено ТВИНГО.