Магазин

Тврдината Кастро на Скијатос

Тврдината Кастро на Скијатос

Тврдината Кастро се наоѓа на северната, неразвиена страна на островот од групата Споради, Скијатос. Ова парче од историјата сѐ уште ги потсетува посетителите на бурната историја на прекрасниот остров…

Тврдината Кастро била подигната во 14. век, на северната страна од Скијатос. Кога Венецијанците пристигнале на островот во 1453 година, било забележано дека тоа е единствената населба на, сега веќе, густо населеното парче земја во Егејското Море. Тогашната населба броела нешто повеќе од 300 куќи и околу 20 цркви. Денес, од Кастро преостануваат уште само урнатините од 2 цркви и делови од некогаш непробојните ѕидини.

До Кастро може да се пристигне на два начина. Најчесто туристите пристигнуваат со бродови коишто тргнуваат од главниот град Скијатос, на екскурзии околу целиот остров. Бродовите се закотвуваат на плажата под тврдината, по што следува искачувањето по стрмните скалила.

Ако пак сакате да пристигнете преку копнениот пат, тогаш треба да возите или пак да пешачите по земјениот пат којшто започнува северно од главниот град. Ако се одлучите за копнениот пат, тогаш ќе треба да преминете преку грубите бетонски скалила, коишто стојат на местото каде што некогаш имало подвижен мост преку импресивниот одбранбен ров.

Iguana-Tours

Најголемата атракција во тврдината Кастро се двете релативно зачувани цркви кои датираат уште од 14. век и во кои и ден денешен може да се погледнат неколкуте стари икони и повеќе импресивни фрески.