„Тврдокорни“ утре повикуваат на мирен марш против „албанските сепаратистички барања“

Македонското Патриотско Здружение „Тврдокорни“, утре во 17 часот ќе организира „Македонскиот марш – Завет за Македонија“, низ улиците на Скопје, од Соборен Храм до паркот „Жена Борец“.

Во продолжение ви пренесуваме интегрален текст од нивното соопштение: 

Прво: Утрешниот марш 24 Сечко (Февруари) 2017 е најавен пред 10 дена и затоа не може да постои предумисла за правење немири при евенталното создавањето или несоздавање Влада. Ако би дошло до поклопување на термините тоа е сосема случајно.

Второ: Во врска со создавањето на Влада, МПЗ „Тврдокорни“ од понеделник, со јавен писмен допис ќе се обрати до евентуалните владини коалициски партнери, каде што ќе се бара ЈАВНО да се одговори: што е договорено во Мала Речица! Секој молк или одговор кој нема да е во склад со македонскиот Устав и законите, ќе биде мотив МПЗ преку протести да ги повика виновниците на одговорност кои нема да бидат од церемонијален карактер и низ разни облици на побуна секојдневно ќе се вршат легитимни притисоци додека не се повлечат штетните одлуки!

Трето:. МПЗ „Тврдокорни“ никогаш не би имале против коалиција на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ со било кои албански партии кои се лојални на позитивните македонски закони. Она што нас длабоко не засегнува е прашањето – дали со подзаконски акти или дотерување на постоечките, притаено ќе се обидуваат да подметнат нов и веќе предзавршен чин од долгата редица на сепаратистички барања на албанските политичари!

Четврто: Ги повикуваме сите, дојдете утре Петок, 24 Февруари 2017 лето господово во масовен број за да видат сите, и партии, и странски амбасади, и поединци, со каква сила ќе се соочат, ако пробаат да не излажат или нешто да ни подметнат.

Петто: За нашите членови: дојдете во црна облека и понесете со вас македонски знамиња и други македонски ознаки во голем број. Партиските ознаки заборавете ги затоа што нема да бидат дозволени и ќе бидат отстранувани од страна на редарските единици.
Ова е над се’ и поважно од се’. Затоа што има значење за сите нас! За минатото и за иднината.

МАКЕДОНЕЦ ЗА МАКЕДОНЕЦ, БРАТ ЗА БРАТ!!!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.