Уапсен адвокатот Владо Пешликовски

Полицијата го уапси адвокатот Владо Пешликовски, кој се барал за издржување на затворска казна од 2 години, јавуваат медиумите.

Тој беше осуден во рамките на случајот „Агент“, заедно со екс началникот на ДБК, Слободан Богоевски откако беа откриени и документирани малверзации околу атрактивно градежно земјиште во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Адвокатот Пешликовски во јавноста најмногу се споменуваше во времето додека му беше адвокат на Агим Красниќи.