Уапсен Албанец кој нелегално престојувал во Македонија

Триесет и петгодишниот Џ.Д. од Албанија вчера бил приведен на излез од Македонија на граничниот премин Јажинце, бидејќи во земјва престојувал нелегално.

Лицето е предадено на УПС од СВР Тетово, од каде е изнесен пред дежурен судија за прекршоци, од чија страна му е изречено решение за протерување со мерка „забрана за влез во РМ “ во траење од една година.