Уапсен Албанец кој продавал дрога во Македонија

Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против 22-годишниот Д.Б. од Елбасан-Република Албанија поради сомнение дека продавал дрога.

Имено, на 19-ти овој месец, при претрес во куќа на улицата „11 септември“ во Кичево каде пријавениот привремено престојувал, пронајдени се 40,7 грама наркотична дрога марихуана. Тој неовластено ја набававил со цел за натамошна продажба на наркозависници од Кичево.

Во јакната на осомничениот Д.Б. во кутија за цигари биле пронајдени две мали опаковки со марихуана додека две најлонски опаковки тој сокрил под саксијата за цвеќе во една од собите од куќата каде привремено престојувал.

Одземената марихуана е предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.