Уапсен Алжирец во Италија, поврзан со нападите во Париз и Брисел

Уапсен Алжирец во Италија, поврзан со нападите во Париз и Брисел
Уапсен Алжирец во Италија, поврзан со нападите во Париз и Брисел
Државјанин на Алжир, осомничен дека е поврзан со мрежата, која подготвувала фалсификувани документи за организаторите на терористичките напади во Брисел и Париз, беше уапсен во градот Салерно, во јужна Италија.

Според податоци на белгиските иследници Џамал ад Дин Вали е поврзан со активностите на мрежата, која ги снабдувала со фалсификувани документи членовите на групацијата, која ги подготвила нападите во Париз и Брисел.

Информациите на истрагата се поврзани со операција од октомври 2015 година, кога во предградие на Брисел беа пронајдени илјадници снимки, кои биле направени за изработка на фалсификувани документи.