Уапсен арачиновец кој се товари за убиство во село Опае

Пронајден и лишен од слобода е Шинаси М. (29) од село Арачиново кој се товари за убиството на Ендрит Љ. (31) од кумановското село Опае во 2012 година.

Како што соопшти МВР, Шинаси М. е уапсен од единицата „Алфа“ по претходно преземени мерки и судска наредба.

Шинаси М.го сторил кривичното дело на 18 октомври 2012 година на улицата „11-ти Ноември“ во Куманово со истрел од огнено оружје.