Уапсен Арслани, еден од најбараните лихвари во Македонија

Полицијата вчера вечерта го уапсила Фаил Арслани, првоосомничен во акцијата Чекан.

На 10-ти декември минатата година во рамки на „Чекан“ приведени беа 15 лица, а по четворица меѓу кои беше Арслани се трагаше. Меѓу осомничените има и адвокати и извршител од Скопје. Сите се сомничат за злосторничко здружување, лихварство, изнуда и фалсификување исправи.

Полицијата се сомнева дека првоосомничениот во акцијата „Чекан“ богатството и луксузниот имот со кој располага ги градел со криминални активности, односно од лихварство и перење пари, а за сега од полицијата има сомнежи дека најмалку два милиони евра биле заработени на овој начин.

Покрај луксузните палати, полицијата во рамки на акцијата заплени и дел од возниот парк, меѓу кои имаше Хамер, неколку БМВ автомобили, Ауди возила..

Повеќе детали околу апсењето на Арслани се најавени за подоцна.