Уапсен балканскиот Ескобар – Драгослав Космајац

Драгослав Космајац, кој пред неколку месеци лично од премиерот Александар Вучиќ беше посочен како еден од најголемите наркодилери на Балканот е уапсен од страна на српската полиција.

Космајац бил уапсен во неговиот стан во Белград, а заедно со него се приведени уште седум лица. Полициската акција, како што објави српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ на вонредна пресконференција утрово, била резултат на четиримесечна истрага за фаќање на Космајац.

Сите уапсени се државјани на Србија. Дел од нив биле приведени во Белград, а дел во Сремска Митровица и се сомничат дека му помагале на наркодилерот во серија кривични дела – од шверц до даночно затајување.

Спрпските власи го посочуваат Космајац како еден од најважните трговци со опојни дроги на Балканот, а медиумите во Србија објавуваат дека Космајац лично бил близок соработник на озлогласениот колумбиски наркобос Пабло Ескобар.

Тој се поврзува со шверцот на дрога од Јужна Америка, од каде наводно организира транспорт на огромни количества кокаин во Европа. Медиумите во Србија објавуваат дека Космајац лично бил близок соработник на озлогласениот колумбиски наркобос Пабло Ескобар.

-Сите се плашат од него. Велат дека е најинтелигентниот човек што го виделе и сите се по малку фасцинирани од него, изјавил Вучиќ, обвинувајќи дека досега немало политичка волја за пресметка со овој криминалец.

На рутата на шверцот на Космајац, според српските власти, се наоѓа и Македонија. Наводно, тој има разработен канал за пренесување на дрогата од Турција, преку Бугарија, Македонија, Црна Гора и Србија за земјите од Западна Европа.