Уапсен балканскиот крал на кокаинот

Четириесет и седумгодишниот Црногорец Лука Дациќ е уапсен во трговски центар во Трст поради сомнение дека координирал со транспортот на голема количина на дрога и посредувал во балканското подземје за продажба на кокаин.

Како што јавуваат црногорските медиуми, Дациќ од претходно во отсуство е осуден на 7 години затвор и парична казна од 68.000 евра.

Тој е уапсен со фалсификувани документи во продавница за долна облека додека бил во друштво со непознат Словенец.

Според италијанските истражни органи, тој со години бил прв човек во меѓународната трговија и шверц на дрога, а организирал и поединечни пратки кокаин кои мереле и десетици килограми.

Во септември 2011 година судот во Милано издал налог за негово апсење, а во октомври истата година по него е распишана меѓународна потерница.

Првично е обвинет во акцијата Флеш која е отворена во 2009 година и во која се уапсени 49 лица и одземени 65 килограми кокаин и шест килограми хероин.