Уапсен Бандиќ, актуелниот градоначалник на Загреб

Хрватската полиција вчера го уапси градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ на преминот Брегане на границата меѓу Хрватска и Словенија, објави загрепскиот портал Индекс.

Според неофицијални извори на кои се повикува порталот, хрватска полиција планирала денеска претпладне да ја спроведе акцијата за апсење на Бандиќ, но тој најверојатно дознал дека „нешто се подготвува“ и решил да ја напушти Хрватска.

Во акцијата на полициската управа за борба против организираниот криминал, покрај Бандиќ се уапсени и претседателот на управата на јавното претпријатие „Загребски Холдинг“, Слободан Љубичиќ и сопственикот на компанијата ЦИОС, Петар Припуз.

Тројцата се осомничени за извршување на повеќе кривични коруптивни дела со кои му нанеле штети на Градот Загреб.