Уапсен братот на претседателот на Иран

Хосеин Ферејдун, пратот на иранскиот претседател Хасан Роухани е уапсен под обвинувања за финансиски малверзации, пренесува во неделата агенцијата AFP повикувајќи се на претставник на судот.

Други поединости за какви престапи станува збор, не се дадени.

По победата на Хасан Роухани на претседателските избори во 2013 година, Ферејдун стана негов личен советник и специјален претставник на преговорите за иранската нуклеарна програма со шесте светски сили во 2015 година во Женева и во Виена.

Кон крајот на јануари годинава во иранските медиуми беше пишувано дека Хосеин Ферејдун е осомничен за учество во големи финансиски махинации. Од средината на минатата година името на Ферејдун исчезна од медиумските извештаи, и тој целосно беше повлечен во сенка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.