Свет

Уапсен четникот од Пенсилванија

Уапсен четникот од Пенсилванија

Властите на САД го фатиле човекот кој е обвинет за убиството на полицаецот Брајан Диксон, како и за ранување на уште еден полицаец во Пенсилванија.

Триесет и едногодишниот Ерик Фрејн по седум недели потрага, вчера е префрлен во притвор. Полицијата не објави детали за апсењето.

Фрејн бил член на организацијата „Источен волк“, чиишто членови настојуваат да ја поддржат борбата на војниците од источна Европа. Тој, најверојатно, долго време ја планирал пресметката со американските органи на редот и бегството во шумата.

Тој бил одлично обучен за преживување во природа и веројатно однапред имал подготвено складиште со храна, вода и со други потреби на скришни места.