Уапсен човекот за убиството во Еврејскиот музеј

Во Франција е уапсен маж за кој се верува дека при нападот на Еврејскиот музеј во Брисел на 24 мај убил 4 лица, соопштуваат белгиските власти.

Медиумите објавуваат дека е уапсен францускиот државјанин Мехди Немуш (29) за кого се верува дека е поврзан со исламските екстремисти кои се борат во Сирија.

Тој е уапсен во Марсеј, во автобус кој сообраќал до Амстердам преку Брисел. Во себе носел пиштол и калашњиков.