Уапсен дилер кој требало да издржува затворска казна

Полицијата постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода Јахја И.(43) од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од пет години за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Јахја е спроведен во полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.