Уапсен дилер на дрога и оружје

Дваесет и седумгодишниот А.Б. од село Велешта, струшко доби кривична пријава поради сомнени дека неовластено тргувал со наркотици и оружје.

На 02.мај оваа година при претрес во неговиот дом од страна на полицијата пронајдени се и одземени неколку помали најлонски паковки со кокаин, семе од растението „канабис сатива“ како и неколку куршуми од различен калибар. Во една од собите во семејната куќа, пронајдена е  првата најлонска паковка со кокаин и еден куршум калибар 6,35 милиметри од југословенско потекло. Во кујната пронајдена е втората најлонска паковка со кокаин и еден куршум калибар 9 милиметри од чехословачко производство, како и една хартиена кутија со семе од марихуана.

Најлонска паковка со помала доза кокаин била пронајдена во возило „даихатсу“ со скопски таблички кое било паркирано во дворот од куќата. При претрес во возило марка „Ауди 80“ без таблички оставено на плац за половни возила, пронајдени се два куршуми, калибар 7,62 милиметри од кинеско и еден куршум калибар 7,65 милиметри од чехословечко производство.

Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.