Македонија,Крими хроника

Уапсен дилер од Гостивар

Уапсен дилер од Гостивар

ПС ОН „Гостивар“ при СВР Тетово реализираше случај на недозволена трговија со наркотична дрога, при што уапсено е едно лице, македонски државјанин и запленети се околу 20 грама хероин и околу 2 грама кокаин.

Вчера по претходно добиени оперативни сознанија дека лицето Н.Л.(59) од Гостивар се занимава со вршење на кривични дела поврзани со недозволена трговија со наркотична дрога, и по добиена наредба за претрес на дом од Судија во претходна постапка, беше извршен претрес на домот на лицето. Притоа пронајдена е една полиетиленска кеса со околу 20 грама хероин и две помали полиетиленски кеси со околу 2 грама кокаин. Исто така при претресот на домот пронајдени и одземени се и еден гасен пиштол марка „ECOL“, три куршуми со калибар 9 мм, 21 куршум со калибар 6,35 мм, 8.800 денари и 50 евра.
Пронајдените предмети се одземени и предадени на понатамошно вештачење, додека лицето Н.Л.  е уапсено и против истиот ќе биде поднесена кривична пријава.