Уапсен директорот на Агенцијата за санација на банките поради корупција во Србија

Директорот на Агенцијата за осигурување на депозити Зоран Обрадовиќ, како што дознава Блиц, бил уапсен поради сомнеж дека примил мито од 100 илјади евра.

Во акцијата на криминалистичката полиција во Србија, освен Обрадовиќ, било уапсено уште едно лице кое според сомнежите на полицијата било посредник во извршување на ова кривично дело.