Уапсен директорот на белградскиот аеродром „Никола Тесла“

Директорот на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ Велимир Радосављевиќ е уапсен денеска поради сомнение дека ја злоупотребил службената положба, јави Танјуг.

Радосављевиќ се сомничи дека склучил штетен деловен договор со компанијата „Визер“, со што го оштетил белградскиот аеродром „Никола Тесла“.