Уапсен директорот за урбанизам на Приштина

Косовската полиција го уаспила Либурн Алиу, директор на секторот за урбанизам во општина  Приштина.

Полицискиот портпарол Даут Хоџа,за косовската телевизија потврдил дека на Алиу му е одредена мерка 48 часовен притвор,но други детали не соопштил.

Алиу учествувал во тепачка со со Мухамед Селмани, член на раководството на Демократската партија на Косово, во еден ресторан во Приштина. Тој бил приведен синоќа по налог на обвинителката,која го води овој случај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.