Македонија

Уапсен доцент од Ниш, барал мито од македонска студентка

Уапсен доцент од Ниш, барал мито од македонска студентка

Доцент од Ниш е уапсен од страна на српската полиција, откако од Македонка за да и ја признае дипломата од медицинскиот факултет од Варна, Бугарија побарал и добил 200 евра, пренесува Ало.рс.

Доцентот бил член на комисијата за нострификација на дипломите на Медицинскиот факултет во Ниш.

Со оглед на тоа дека Македонката ја немала целосно потребната документација, се претпоставува дека доцентот и ветил дека ќе и ги набави потребните документи и дека ќе даде предлог за признавање на дипломата во сенатот на Универзитетот.

Откако Македонката го уплатила договорениот износ доцентот доставил предлог за признавање на дипломата до Универзитетот во Ниш. Во моментов доцентот се наоѓа во 48 – часовен притвор по што ќе биде спроведен пред Вишото јавно обвинителство во Ниш.