петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 34

Уапсен Драган Даравелски, се чека за негова екстрадиција

Пред неколку години Даравелски помина извесно време во екстрадициски притвор во Белград, но во меѓувреме стана државјанин на Србија и не беше испорачан во Македонија

даравелски

Поврзани вести

Поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски бил уапсен вчера во Србија.

За Даравелски беше распишана потерница од страна на македонските власти, а од МВР посочуваат дека тече постапката за негова екстрадиција.

Даравелски е осуден во Македонија со правосилна судска пресуда дека додека беше директор на Царинската управа ја злупотребил службената положба и сторил финасики малверзации со кои го оштетил буџетот.

Пред неколку години Даравелски помина извесно време во екстрадициски притвор во Белград, но во меѓувреме стана државјанин на Србија и не беше испорачан во Македонија.

Најчитани вести