Македонија,Крими хроника

Уапсен двојниот убиец од Охрид

Уапсен двојниот убиец од Охрид

Уапсен двојниот убиец од Охрид. Како што објавија дел од медиумите, 31 годишниот Бојан Петрески е уапсен во Албанија откако полицијата по него распиша меѓународна потерница.

Петрески се бараше за двојното убиство во клубот Император во Охрид од 21 август, минатата година. Петрески вечерта во клубот го уби сопственикот Васил Ристески и неговиот пријател Ромео Ѓузеловски.

На двојното убиство му претходела жестока расправија, по што Петрески извадил пиштол и ги убил и двајцата по што побегнал од местото. Од тогаш до денеска полицијата трагеше по него.