Уапсен е Авни Зенели, еден од најопасните криминилци во земјава

 Повеќекратниот убиец, .Авни Зенели (46) е уапсен во Куманово. Станува збор за убиец кој македонската полиција го води како еден од најопасните криминалци. Во отсуство е осуден на повеќе доживотни робии и баран е со неколку меѓународни потерници. Меѓу делата за кои се товари и е убиството на бизнисменот од Гостивар во скопски Чаир на почетокот на ноември минатата година.

Осуденикот се барал за убиство во обид на „Боксер“ од Куманово во 2008 година. Уште едно убиство во обид стои зад името на Зенели познат како Сламарица од 2003 година пред болницата во Куманово. Истата година извршил убиство во обид и во кумановска Речица. Покрај ова се барал и за недозволена трговија со оружје и дрога, а бил дел од криминалната група на Бајруш Сејдиу.