Уапсен еден од најбараните терористи во Грција

Уапсен еден од најбараните луѓе во Грција, осуден за тероризам, за време на престрелка во туристички реон во центарот на Атина, во која беа повредени четири лица.

Полицијата соопшти дека единствениот од ранетите при денешната престрелка во квартот Монастираки е Никос Мазиотис, баран терорист од групата „Револуционерна борба“, кој беше осуден минатата година, но се крие од правосудството.

Мазиотис е примен на лекување во атинска болница, под строго полициско обезбедување.

Тој и неговата сопруга Панајота Рупа се кријат од 2012 година, кога беа ослободени од затвор по истекување на максималниот рок од 18 месеци притвор во очекување на процесот.

Мазиотис и Рупа беа осудени во отуство минатата година на 25 години затвор за учество во групата „Револуционерна борба“, активна во периодот меѓу 2003 и 2009 и е позната со нападот врз американската амбасада и бомбашкиот напад врз Атинската берза. Немаше жртви во двата напади.