Уапсен еден од најбогатите Украинци во Виена

Еден од најбогатите Украинци во Виена е уапсен по долгогодишна истрага на американското Федерално истражно биро (ФБИ) и потерници кои што ги распишаа Соединетите Американски Држави.

„Припадниците на полициската единица за организиран криминал уапсија украински државјанин на 12-ти март во Виена“, соопшти австриската полиција.

Според тамошните медиуми, станува збор за главниот украински олихарх кој го именувале како Фирташ.

Четириесет и осумгодишниот Фирташ е еден од најбогатите Украинци, односно олигарх кој е познат по „блиските врски со Русија“ и по вложувања во производство на гас, во хемиската индустрија, медиумите и банкарскиот сектор што му даде значајно влијание, посебно за време на власта на сега веќе порашениот претседател, Виктор Јанукович.

Полицијата го идентификувала уапсениот само како Дмитри Ф., кој е под истрага од 2006-та година, а сега се наоѓа во притвор.

Во последните 15 години, Фирташ стана еден од главните инвеститори во секторот енергетика и хемиска индустрија во Централна и Источна Европа, а неговите компании и филијали се присутни освен во Украина и во Германија, Италија, Кипар, Таџикистан, Швајцарија, Унгарија, Австрија и Естонија.