Уапсен еден од напаѓачите на Вучиќ

Уапсен еден од напаѓачите на Вучиќ

Полицијата во Поточари, по нападот на премиерот на Србија, Александар Вучиќ, успеала да пронајде и да приведе еден од напаѓачите, пишува српски „Курир“.

Вучиќ беше удрен со камен в лице, а по инцидентот успешно е евакуиран заедно со членовите од српската делегација, кон границата на Србија и БиХ,  потврди министерот за внатрешни работи на Република Српска, Драган Лукач.

По инцидентот веднаш реагирал реисот на Исламската заедница во БиХ, Хусен Кавазовиќ, кој ги повикал сите прсутни да бидат достоинствени.

„Да останеме достоинствени во нашата болка и да не им дозволиме на оние кои денеска тоа го направија да бидат над нашата болка. Свртете се со своите лица кон табутите, а не кон тие кои денеска дошле тука“, порачал Кавазовиќ.

Српската делегација предводена од Вучиќ, денеска присуствуваше на одбележување 20 годишница од злосторствата во Сребреница.

vucic1