Уапсен еден вработен во Мосак Фонсека, украл поголем број документи

„Панамските документи“ наскоро ќе бидат достапни за јавноста
„Панамските документи“ наскоро ќе бидат достапни за јавноста

Компјутерски техничар вработен во адвокатската канцеларија Мосак Фонсека е уапсен поради сомнеж дека украл голем број податоци од компанијата, јавува Би Би Си.

Вработениот е уапсен во канцелариите на компанијата во Женева, откако компанијата доставила информации до Обвинителството. Вработениот се товари дека извршил кражба на податоци, недозволен пристап и злоупотреба на довербата.

Од Канцеларијата протекоа илјадници документи во април, со што беше откриено систематско затајување данок. Аферата и’ стана позната на јавноста под името „Панамски Документи“.

Од Мосак Фонсека велат дека не прекршиле ниту еден закон и дека не уништиле ниту еден документ и според нив сите дејствија биле легални. Сеуште не е познато дека украдените документи за кои се смета дека биле земени од страна на вработениот се податоците што беа објавени во рамки на аферата „Панамски Документи“.

Бастијан Обермајер, германски новинар и еден од лицата што први ги погледнаа Панамските документи вели дека не верува оти уапсеното лице е „свиркачот“ што ги објави истите и што се претставува под псевдонимот Џон До (синоним за непозната личност во англискиот јазик).

Во неговата изјава од мај месец Џон До потенцира дека никогаш не работел за некоја разузнавачка агенција или за влада и дека „еднаквоста на приходите“ според него била главен мотив за објавувањето на приходите.

Во случајот „Панамски документи“ 11 милиони документи од адвокатската компанија Мосак Фонсека со седиште во Панама беа доставени до германскиот весник „Зидојче Зајтунг“ од каде беа споделени со Меѓународниот Конзорциум на истражувачки новинари.

Документите покажуваат како компанијата им помогнала на клиентите да перат мани, да избегнуваат санкции и даноци.