Уапсен Едмонд Темелко – сам се пријавил во полиција

СМК: Темелко е дел од организираната хајка на СДСМ против Македонците во светот
СМК: Темелко е дел од организираната хајка на СДСМ против Македонците во светот

Градоналникот на Пустец, Едмонд Темелко, сам се пријавил во полиција, во моментов се наоѓа во полициската станица Беко во Скопје и се очекува да биде спороведен во затвор. По него беше распишана меѓународна потерница, бидејќи Кривичниот суд му одреди притвор од 30 дена.

За Темелко кој е обвинет во случајот Титаник на СЈО, Основиот суд Скопје 1 изрече мерка притвор во траење од 30 дена. До МВР била испратена наредба за спроведување на овој обвинетиот во притвор откако за него беше распишана централна и меѓународна потерница.

СЈО утврдило дека обвинетиот Темелко не ги почитувал мерките за редовно јавување во судот, па била побарана построга мерка, тој иако имал забрана да не ја напушта Македонија, неколку пати ја поминал границата со албанска лична карта.