Уапсен Египќанец кој се барал со меѓународна потерница

Шеесет и едногодишниот Египќанец А.А.Е.Е. е уапсен вчера на граничниот премин Богородица откако било утврдено дека за него е издадена меѓународна потерница.

Тој се бара за идзржување затворска казна во времетраење од 25 години , поради проневера и фалсификување на официјални документи во Египет.

На истиот му е одредена мерка екстрадиционен притвор во траење од 30 дена.