Уапсен екс градоначалникот на општина Ѓорче Петров

Утрово е уапсен екс градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, пренесува порталот САКАМДАКЖАМ.МК повикувајќи се на полициски извори, од МВР за НетПрес децидно не ја потврдија информацијата и од каде што сме препратени до Основното јвно обвинителство од каде што одговорија дека ќе следува соопштение за јавноста.

Како што пишува овој медиум, Митревски според првичните информации е уапсен за злоупотреба на службената pоложба и овластувањата во врска со незаконска пренамена на земјиште на територијата на општината и за незаконско давање под концесија на земјиште и се очекува да биде однесен во една од полициските станици, во Кисела Вода или Гази Баба.

Според непотврдени инфромации, покарај Митревски приведени се уште неколку луѓе.

Засега нема официјална потврда на прашањето на НетПрес до министерството за внатрешни работи за наводите во медиумите за овој случај,