Свет

Уапсен Фрнцузин осомничен за подготовка на атентат

Уапсен Фрнцузин осомничен за подготовка на атентат

Холандското обвинителство соопшти дека на барање на француските власти, во пристанишниот град Ротердам, е уапсен 32-годишен Французин, кого го сомничат за „учество во планирање на терористички напад“, пренесуваат светските агенции.

Француските власти апсењето го побарале во петокот, откако во истрагата дошле до осомничениот, прецизира обвинителството.

Американските медиуми најавуваат дека во многу скоро време тој ќе биде екстрадиран во Франција.

Во акцијата на холандското обвинителство приведени биле уште три други лица, дополнуваат британските медиуми.