Уапсен главниот осомничен за сексуалните напади за време на новогодишната ноќ во Келн

Деветнаесет годишното момче, кое е осомничено за сексуалните напади, било екстрадирано од швајцарскиот град Кројцлинген во пограничниот германски град Констанца. Тој претходно бил забележан од припадник на обезбедувањето во еден супермаркет во Констанца како краде цигари и прехранбени производи.

Нападите во Келн ја шокираа Германија и ја зголемија загриженоста во јавноста поради приливот на мигранти.

Во Обвинителството се предадени повеќе од 1.100 кривични пријави, вклучувајќи над 480 обвиненија за сексуално злоставување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.