Уапсен гувернерот на албанската Народна банка

Гувернерот на албанската Народна банка, Ардијан Фулани,  синоќа е уапсен  поради сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност“.

Тој е уапсен во неговата канцеларија во банката, по големата кражба во банката која според досегашните информации изнесува над седум милиони евра, но се верува дека грабежот е многу поголем.  Претходно беа уапсени и десетина други високи раководители на банката.

По големиот скандал што се случи во банката,  невладиниот сектор организираше петиција и протести за апсење на Фулани.