Уапсен и оперскиот превенец Игор Дурловски

Оперскиот пејач со светско реноме, Игор Дурловски, е уапсен утринава, заедно со Митко Чавков, актерот Владо Јовановски и други пратеници и граѓани, за настаните од 27. април во Собранието.

Инаку, Дурловски во мај поднесе оставка од директорското место во МОБ, и од позицијата професор на Факултетот за музичка уметност.

Истите ги објави на Фејсбук.

Се очекуваат повеќе детали за апсењето во текот на денот.