Свет

Уапсен Италијанец осомничен за терористичкиот нападот во музејот „Бардо“

Уапсен Италијанец осомничен за терористичкиот нападот во музејот „Бардо“
Escorted by security forces, rescue workers pull an empty stretcher outside the Bardo museum Wednesday, March 18, 2015 in Tunis, Tunisia. Authorities say scores of people are dead after an attack on a major museum in the Tunisian capital, and some of the gunmen may have escaped. (AP Photo/Salah Ben Mahmoud)

Италијанската полиција соопшти дека уапсила едно лице, осомничено за учество во терористичкиот напад врз музејот „Бардо“ во тунискиот главен град, при што беа убиени 22 лица, најголемиот број од нив странски туристи.

Поголема група туристи од Германија, Италија, Шпанија и Полска, кои беа на крстосување со брод низ Медитеранот, беа во музејот „Бардо“, кога во него насила и со пукање од автоматско оружје навлегоа група терористи, кои зедоа група заложници.

Двајца од терористите, подоцна беа убиени од припадниците на тунските безбедносни сили.

Идентитетот на човекот кој е уапсен во Италија не е соопштен, освен што се знае дека станува збор за Мароканец и дека има 22 години.

Тој е уапсен во Милано, врз основа на распишаната меѓународна потерница. Властите во Тунис, трагаат по него, но се уште не се знае каква била неговата улога во терористичкиот напад.

Ведаш по нападот во музејот „Бардо“, џихадистичката група Исламска држава (ИД) тврдеше таа го испланирала и извела терористичкиот акт. Туниските власти една недела подоцна соопштија дека го убиле водачот на нападот Локман Абу Сакра, но ниту потврдија, ниту дематираа дали терористите биле припадници на ИД или поврзани со оваа исламистичка милитантна група.