Уапсен капетанот на потонатиот ферибот во Јужна Кореа

Јужнокорејската полиција доцна синоќа го уапси капетанот на траектот, што во средата се преврти на 25 километри од југозападниот брег на Јужна Кореја, при што загинаа најмалку 29 лица, а 273 и натаму се водат како исчезнати.

Јавно обвинителство вчера побара издавање судски налог за апсење на капетанот Ли Џонг-сок и на уште двајца други членови на екипажот на траектот.

Обвинителството соопшти дека ја испитува претпоставката дека до трагедијата дошло кога траектот нагло завртел, при што бродот се навалил повеќе од дозволеното и се превртил. Покрај ова, се испитува и дали постапката за евакуација на патниците била спроведена навремено и согласно правилата, како и тврдењата на некои патници дека 69-годишниот капетан Ли меѓу првите го напуштил фериботот.

Според официјалните податоци, од траектот спасени се 174 лица.