Уапсен кинески амбасадор – шпионирал за Јапонија?!

Амбасадорот на Кина на Исланд Ма Јишенг и неговата сопруга Џонг Јуе се уапсени од кинеските власти под обвинение дека шпионирале за Јапонија. Кинеското МНР засега не ја потврди информацијата.

На официјалната Интернет страница на кинеската амбасада на Исланд и натаму стојат говорите и изјавите на Ма, вклучувајќи ја и осудата на јапонското воено минато и посетата на јапонскиот премиер Шинѕо Абе на спорниот храм Јасукуни, кој е спомен на загинатите јапонски војници.

Ма од Исланд заминал на 23 јануари, и требало да се врати во март. Во мај МНР на Исланд го известило кинеското МНР дека Ма не се вратил.

– Други информации немаме за тоа, рече портпаролот на исландското МНР Урур Гунарсдотир.

Ма работел како секретар на кинеската амбасада во Јапонија од 1991 до 1995 и како комесар од 2004 до 2008.